Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и неговата партија на десниот центар ГЕРБ водат на предвремените парламентарни избори во Бугарија, покажуваат првичните резултати.
Последните информации се дека ГЕРБ добила поддршка од 32,61% со што би освоила околу 90 пратенички места со Парламентот, БСП – Лево Бугарија – 15,27%, ДПС – 14,96%, Реформистичкиот блок – 8,87%, Патриотски фронт – 7,32, Бугарија без цензура – 5,58%, Атака – 5,56%, АБВ – 4,18 %.
Овие бројки покажуваат дека Борисов, и покрај победата, нема да може сам да формира влада и ќе треба повторно да коалицира. Бугарските социјалисти освоија повеќе од 16 насто од гласовите, а шест помали партии успеале да го минат прагот од 4 проценти за да имаат свои пратеници во парламентот.
Изборите следуваа откако владата предводена од социјалистите во јули годинава поднесе оставка по протестите и тешката криза во банкарскиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Заев ќе оди кај Борисов и заедно ќе го одбележат Илинден во Благоевград
-
Борисов жали за холокаустот на македонските Евреи, но не се извини