Понеделник ќе помине во облачно време во земјава. Повремен и релативно слаб дожд претпладне се очекува пред сè во северниот дел од земјата. Но, попладне и вечер дожд ќе има на повеќе места низ земјава, со тоа што повторно акцентот на интензитетот и зачестеноста на врнежите ќе биде во западните и северните краишта.
Според метеопро.мк, максимална температура 16 Целзиусови степени се очекува во северната половина на земјата. Поповторно облачното време во јужната половина од земјата ќе услови и пониска дневна температура, па така во југозападниот регион истата ќе има вредност 14 Целзиусови степени, а во југосточниот 17 Целзиусови степени.
Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со услови за повремени врнежи претпладне, а попладне се очекува позначително наоблачување проследено со дожд. Максималната вредност на температурата ќе достигне вредност 17 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.