| четврток, 6 декември 2018 |

Љубоморниот сопруг на Тања Савиќ направил скандал за време на концерт

Љубоморниот сопруг на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ и направил љубоморна сцена за време на концертот на Драгана Мирковиќ.

Имено, тие биле сместени во една ложа во „Комбанк Арената“, а кога видел дека Тања разговара со непознат маж, тој им пришок и почнал да им вика.

– Веќе одамна е познато дека Душан е љубоморен и за тоа неколку пати се пишуваше во медиумите. Кога дојдоа на концертот на Драгана, беа многу насмеани и со ништо не можеше да се претпостави дека расположението ќе се расипе. Се беше во ред до моментот кога Тања разговараше со едно анонимно момче, а кога Душан се сврте и ја виде како му се смее, доби напад на љубомора и полета кон нив. Веднаш започна расправија и почна да вика, а тоа го видоа и сите присутни, а тој не се грижеше за тоа, вели сведок на настанот.

– По жестоката расправија, двајцата се смириле и продолжиле да го следат концертот, но постојано биле лути и нервозни. По настапот отидоа на прославата на Драгана по повод јубилејот, но ни таму не се однесуваа среќно и заљубено, постојано имаа вештачка насмевка, додава изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top