| четврток, 6 декември 2018 |

Мостот на Вардар кај Неготино- Штип целосно затворен за сообраќај

imagesMost ovaa

Патниот правец П-1103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, мост број девет ,преку реката Вардар, кој беше затворен за тешки товарни возила поради деформација, оштетување на мостот, денеска во 16 часот беше целосно затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и беше пренасочен преку Криволак, односно пат.правец Неготино-Криволак-Пепелиште и тоа само за лесни возила, информираат од АМСМ.

Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се’ уште е на сила. Одлуката беше донесена од комисија составена од претставници на ЈП Државни Патишта, ЈП Македонијапат, Градежниот факултет, Институтот за патишта и сообраќајната полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top