| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени четворица чеченски полицајци

Четворица полицајци се убиени, а уште четворица се ранети во Чеченија, додека се обидувале да приведат маж за кого се сомневале дека е бомбаш самоубиец.

Додека полицајците се обидувале да го претресат, мажот го активирал експлозивот, пренесе „Русија денес“. Инцидентот се случил пред салата во Грозни, каде требало да се оддржи концерт по повод Денот на градот.

Засега нема податоци за цивилни жртви во инцидентот, пренесоа руските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top