Четири лица загинале, а најмалку 23 се повредени, откако камион предизвикал сообраќајна несреќа на автопатот Игнација во северна Грција, соопштија грчките власти.
Шефот на регионалната управа на противпожарната служба Хрисантос Атанасопулос посочи дека над 35 автомобили учествувале во верижната несреќа.
Поради работи на патот биле затворени лентите на автопатот во правец на исток и автомобилите биле пренасочувани на 75 километри западно од Солун. Камион, што се приближувал кон местото на пренасочувањето, не ја намалил бризната и се удрил во автомобилот пред него, по што овој се запалил, и удрил во возилата што му доаѓале во пресрет.
Според пожарникарите, во несреќата загинале две жени и еден маж, а уште едно јагленосано тело било извадено од запалениот автомобил.
На некои од лесно повредените им била укажана медицинска помош на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





