Шведските лекари соопштија дека за првпат во светот жена со пресадена матка родила бебе, пренесоа американските медиуми.
На триесет и шестгодишната жена минатата година ѝ била трансплантирана матка од една блиска семејна пријателка. Таа минатиот месец добила здраво машко бебе, иако предвреме се породила, а сега и двајцата се дома и се во добра здравствена состојба.
Не се наведува името на мајката и каде таа живее.
Доктор Матс Бранстром изјави дека бебето е неверојатно и дека воопшто не плаче.
Брансттом е професор по акушерство и гинекологија на универзитетот во Гетеборг и клиниката за ин-витро оплодување во Стокхолм и раководител на овој научен проект.
Деталите за случајот ќе бидат објавени наскоро во медицинското списание „Лансет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



