| четврток, 6 декември 2018 |

Бамир Топи ги обвини Бериша и Рама за хаосот во Албанија

Bamir-Topi-610x400

Партијата Нов демократски дух (ФРД) на поранешниот албански претседател Бамир Топи денеска ги презентираше главните приоритети на политичката програма.

Промовирајќи го изборното мото „Крај на транзицијата за државата и граѓаните“, Топи изјави пред поддржувачите на ФРД дека тоа е партија на „надежта за Албанците“.

Топи ги обвини лидерите на двете најголеми политички партии во Албанија, Сали Бериша и Еди Рама,  дека ја довеле земјата во ќорсокак. Доволни беа 22 години експерименти, конфликти, авантуристички политики, узурпирање на институциите, пазарење со гласовите и оставање на Албанија надвор од ЕУ, нагласи Топи.

– Овие две личности заедно ги втурнаа Албанија и Албанците  во институционален хаос. Овие две личности со меѓусебен таен договор реализиран преку ноќ ја загрозуваат независноста на институциите во Албанија. Овие две личности созадоа услови за себе  – едниот да доминира со вкупната власт, а другиот да биде на чело на опозицијата, изјави Топи.

Педесет и шестгодишниот Топи, пред да биде избран за шеф на албанската држава беше втор човек на Демократската партија на Сали Бериша. Тој беше шеф на државата од 24 јули 2007 до 24 јули 2012, но поради недоразбирањата со Бериша и свесен дека нема да има подршка во Парламентот, не се кандидираше за уште еден претседателски мандат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top