Женева Робинсон од Оклахома е обвинета дека ја врзувала својата внука во гаража, ја камшикувала и’ и се заканувала на разни начини, притоа облечена како вештерка.
Таа била уапсена откако ја довела својата внука во болница тврдејќи дека повеќе не може да ја контролира.
Лекарите ги забележале трагите на злоставување и го испрашале несреќното девојче. Таа им кажала дека нејзината баба често ставала зелена маска на главата.
Бабата ја затворала во гаража и со нож се заканувала дека ќе ги повика чудовиштата од поткровјето да дојдат по неа. Меѓутоа, соседите не веруваат во таа приказна и велат дека Робинсон била добра кон четирите деца кои ги чувала.
Сепак, полицијата пронашла докази кои ја потврдуваат приказната на 7-годишното девојче. На нејзиното тело имало модринки, изгореници и исекотини, како и рани околу зглобовите. Освен тоа во куќата бил пронајден костим од вештерка и камшик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



