| четврток, 6 декември 2018 |

Волшебен напиток за борба против маснотии

Пијалокот чии основни состојки се сок од брусница, ѓумбир и лимон одлично го регенерира црниот дроб и го чисти од токсините, а со тоа и ја подобрува со тоа работата на целиот организам.

brusnice-sok

Состојки : 2 литра сок од брусница, 1/2 лажица мелен цимет, 1/4 лажица морско оревче, 3/4 чаша свежо исцеден сок од портокал, 1/4 чаша свеж сок од лимон и стевиа.

Подготовка : Сварете сок од брусница и намалете го огнот за да ги додадете зачините. Се заедно варете 15 – ина минути и оставете да се олади на собна температура. Додадете го сокот од портокал и лимон и потоа стевијата. Ставете во фрижидер.

Тајната на волшебниот напиток се крие во сокот од брусница – делотворен антиоксиданс, зачините кои го намалуваат гладот и сокот од портокал и лимон кои претставуваат прави витамински бомби во борбата против маснотиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top