Жителите на американскиот остров Гвам и на Марианските острови во Тихиот Океан се евакуираат поради ударот на силниот тајфун Вонгфонг.
Тревогата за приблжувањето на тајфунот е издадена за Гвам и островите Рота, Тиниан и Сајпан.
Вонгфонг се наоѓа на околу 563 километри источно од островот Гвам. Американската метеоролошка служба соопшти дека стихијата е следена од ветрови со брзина од 124 километри на час и се очекува тие да бидат уште посилни.
За утре е најавено прекин на наставата во училиштата на Гвам, а гувернерот Еди Калво ги повика граѓаните да се обезбедат со храна и вода и да ги почитуваат безбедносните мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



