Македонското малцинство нема да излезе на гласање на денешните предвремени парламентарни избори во Бугарија. Ваквата одлука ја донело раководството на ОМО Илинден Пирин, изјави за МРТ претседателот Стојко Стојков.
– Партиите кои истрчуваат на овие избори се со истрошени стари кадри и познати политики, па сега не веруваат дека истите тие ќе станат успешни и ќе ја подобрат состојбата во земјата. Ниту една од партиите немаат став кој ќе дава надеж дека ќе се промени состојбата на Македонците во Бугарија, како и за подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија“, вели Стојков.
Дали ова значи дека Македонците во Бугарија се откажуваат од институционалната битка за остварување на основните права?
– Ние не се откажуваме од институционална битка, нас едноставно не нè регистрираат, не ни допуштаат таква битка“, нагласува Стојков.
Тој констатира дека претходната влада се претставила во неубаво светло за краткиот мандат. Фаворитот на изборите, Бојко Борисов, е најмалку лошото што може да ѝ се случи на Бугарија“, коментира претседателот на ОМО Илинден Пирин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.