| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските политичари на „Бела ноќ“ (фото)

Bela Nok 2014 (14) (Large)

Атрактивните концерти, изложби, перформанси беа предизвик и за македонските политичари да ги посетат настаните организирани на „Бела ноќ“. Фотографот на „Република“ ги „улови“ дел од министрите на Владата на Македонија, Никола Попоски, министерот за надворешни работи, министерката Гордана Јанкуловска со сопругот и вицепремиерот Зоран Ставревски со сопругата во едно од кафулињата на скопскиот плоштад „Македонија“.

Bela Nok 2014 (13) (Large)

Министерот за образование Никола Тодоров и Миле Јанакиески, министерот за сообраќај и врски, исто така во друштво на своите сопруги уживаа во настапот на 70-члениот хор „Перпетум џезиле“ од Словенија,  како и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Bela Nok 2014 (12) (Large)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top