Дваесет и четворица лекари специјалисти од Србија досега се пријавиле на огласот кој го распиша Министерството за здравство, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Најголемиот дел од нив биле токму од областите кои им биле потребни, специјалисти по анестезија, гинекологија, урологија и неврологија.
Огласот кој го објави Министерството за здравство предизвика негативни реакции кај Здружението на приватни лекари. Оттаму тврдеа дека ангажирањето на странски лекари не е решение за дефицитот на доктори во Македонија. Според нив не е доволно да се бараат специјалисти од Србија или од западноевропските земји туку побараа трајно решение кое ќе го спречи одливот на медицински кадри од земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.