| четврток, 6 декември 2018 |

Десетмина во изолација во САД поради сомнеж од ебола

gvineja

Десет луѓе за кои се верува дека биле изложени на висок ризик да се заразат со ебола бидејќи биле во контакт со заболениот пациент во Далас, сега се наоѓаат во изолација и се под медицински надзор.

Првично се стравувало дека стотина луѓе биле во директен или индиректен контакт со заразениот патник од Либерија, но властите во меѓувреме оваа бројка ја намалиле на 50 лица, кои се под надзор.

– Десетмината, од кои четворица се роднини на заразениот, соработуваат со здравствените власти и доброволно одлучија да бидат во карантин – велат официјални претставници во Далас.

На 1 октомври во САД Томас Ерик Данкан е сместен во строга изолација поради симптоми кои ги добил по пристигнувањето од Либерија во Тексас, каде патувал во посета на семејството. Данкан стигнал во Далас на 20 септември и неколку дена подоцна се разболел. Болницата во која отишол го вратила дома, иако кажал дека допатувал од Либерија, Тој повторно е вратен во болница на 28 септември и оттогаш се наоѓа во карантин. Лекарите изјавуваат дека е во сериозна, но во стабилна здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top