| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск и Сноуден – фаворити за Нобеловата награда за мир

nobel-peace-prize-medal

Папата Франциск и поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден се споменуваат како главни фаворити за Нобелова награда за мир.

Бројот на номинации за овогодинешната Нобелова награда за мир достигна 278, со што го собори минатогодишниот рекорд од 259 номинации. Тајниот список на номинирани е завршен но сепак, како и секоја година, некои имиња стигнаа до јавноста.

Директорот на Институтот за истражување на Мирот во Осло, Кристијан Берг Харпвикен е еден од ретките кои секоја година објавуваат список на фаворити но никогаш не го открива името на добитникот.

Харпвикен оваа година го назначил папата како главен фаворит, пред Сноуден за кого смета дека тој би бил „контроверзен” добитник. За многумина тој е „предавник кој го прекрши законот”.

Одлуката за добитникот на Нобелова награда за Мир се очекува во текот на овој месец, а наградата ќе биде доделена на 10-ти декември, на денот кога почина научникот Алфред Нобел, по кого наградата го носи името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top