| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Ковач: Ја сакам сестра ми, но таа кажува лаги!

aleksandra-kovac-koncert-dom-sindikata-1365800049-295999

Изјавата на Кристина Ковач дека се откажува од нејзината сестра Александра, предизвика вистинска бура во јавноста. Досега Александра беше недостапна за коментари, но конечно и таа го кажа нејзиниот став.

– Морам да се искажам за јавниот медиумски напад кој е извршен на мене и мојот партнер Роман Горшек, но и на моето семејство. Објавувањето на невистини и обвинувања врз основа на лажни информации, доведе до тоа името на нашето семејство да се влече низ жолтиот печат. Со оглед на тоа дека мојот татко Корнелие, сестра ми Ања и мојот партнер Роман, немаме никаква врска со невиситините кои Кристина Ковач ги напиша во нејзиниот текст, би ги замолила медиумите тоа да го земат во предвид – изјави Александра.

Според неа, сите обвиненија на Кристина кои се однесуваат за нејзниот партнер Горшек се лажни.

– Во оваа прилика сакам да му се извинам него и на неговото семејство за сето тоа што го преживеаа во изминатава недела. Мојата сестра Кристина си го води сопствениот живот, возрасна е и одговорна за своите зборови и дела. Ја сакам и секогаш ќе ја сакам, но ние две одамна не размислуваме, живееми и комуницираме на ист начин – рече Александра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top