
Македонскиот актер Кирил Поп Христов се чувстува подобро. Тој денеска во ГТЦ во Скопје внимателно ги слушаше уличните свирачи и им делеше совети како да отсвират една песна.
Кили беше осуден една година затвор за нелегално производство и пуштање во продажба на марихуана. Судот во Скопје до правосилноста на пресудата одлучи актерот да остане во домашен притвор. Пред судот Кили признал дека прави кривично дело со образложение дека тоа е за лекување на канцерот кој му бил дијагностициран.
Во своите излагања пред судот Кили појасни дека 30 години пушел марихуана но сега го прави тоа поради тоа што канцерот му се проширил на белодробното крило. А маслото за лекување го набавувал преку интернет. Актерот Кирил Поп Христов беше уапсен пред неколку месеци откако во неговата куќа беа пронајдени саксии со марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


