| четврток, 6 декември 2018 |

И Србинки заминуваат на боиште во Сирија

20141004151816_266331

Невена Павловиќ (19) од Белград и Анита Шаќири од Смедерево се борат на страната на екстремистите во Сирија. Тие заминале во џихад под влијание на вахабистите во чие движење ги вовлекле семејствата и сопрузите, пренесуваат српските медиуми.

Павловиќ е ќерка на поранешен таксист од Земун, Горан, сега се вика Абдулах кој во 2002 година поминал во ислам, а потоа му се придружил на вахабистичкото движење. Во меѓувреме и семејството преминало во ислам, а ќерката, додека била малолетна ја омажил за Самир, државјанин на БиХ, со кога таа има две деца. Иако помалата ќерка има само шест месеци, Невена заминала за Сирија.

За Шаќири српските медиуми знаат помалку, но познато е дека таа заминала за Сирија заедно со босанскиот муџахедин Емин Хоџиќ со кого се венчала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top