| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 35 џихадисти загинаа при воздушни напади во Сирија

сирија

Најмалку 35 џихадисти се убиени во текот на ноќта при воздушни напади извршени во Сирија од меѓународната коалиција, предводена од САД, против групата Исламска држава (ИД), соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Невладината организација соопшти дека 30 исламисти загинале при бомбардирање воблизина на Шадади, во североисточната провинција Хасака.
Петмина други се убиени во воздушни напади кај курдскиот град Кобане, на границата со Турција, кој е под контрола на џихадистите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top