Европската унија во април 2015 година ќе воведе биометриски шенген визи за Русите, соопшти денеска за ТАСС портпаролката на еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром.
-Новите барања немаат ништо заедничко со европските санкции против Русија – подвлече порпаролката Тове Ернст.
ЕУ планира од идната година во Русија да го пушти во работа визниот информативен систем, што посебно се однесува на губењето на биометриски податоци. Точниот датум на воведувањето на процедурата се уште не е утврден, но засега се предвидува тоа да се случи на почетокот на април 2015 година, рече претставничката на еврокомесарот.
Кога ЕК ќе ја донесе одлуката за датумот ќе зависи од техничката подготвеност на сите земји од ЕУ за почнување на процедурата.
Системот не е разработен само за Русија, туку тој од 2011 година веќе е активен на Блискиот исток, Јужна Африка, Јужна Америка, Централна Азија, Северна Америка и други земји, прецизира Ернст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.