| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје запрен во Крагуевац

Аеродромци загубија кај Раднички во Крагуевац со 89-83, но не разочараа, напротив, докажаа зошто се високо на табелата во Јадранската кошаркарска лига

Македонскиот кошаркарски првак продолжува со извонредните настапи во дебито во Јадранската лига иако вечерава доживеа пораз во Крагуевац(89-83). МЗТ Скопје долго во мечот беше во позитива и само неколкуте грешки во финишот се причина за осмиот пораз кој го симна тимот на осмото место на табелата во натпреварувањето во кое се уште постојат реални  шанси за настап на завршниот турнир.

Дамјан Стојановски беше тимски лидер со 21 поени, а МЗТ беше без повредениот Ѓорѓи Чековски во неуспешниот обид да се реваншираме за поразот во Скопје од Раднички од 83-75. Без оглед на загубениот дуел екипата на Алеш Пипан уште еднаш покажа дека има ментална и физичка сила за големи искушенија, за игра под притисок и со отсуство на главни играчи.

МЗТ започна силно во салата Језеро и ги доби првите десет минути со 27-21, потоа влезе во криза, ја загуби втората четвртина со 15-27 и на полувреме замина со негатива од 48-42. Во вторите дваесет минути жесток и квалитетен меч во кој скопјани повторно го презедоа водството со 24-13 во третиот период, но иако долго беа со преднсот во последната делница не издржаа, неа ја загубија 28-17, за конечни 89-83.

Во следното 18 коло од Јадранската лига МЗТ Скопје го дочекува Сплит во Борис Трајковски(сабота 19 часот)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top