Србија денеска објави дека ќе ја приватизира државната новинска агенција Танјуг и воедно ги повика сите заинтересирани да дадат понуди најдоцна до 3 ноември
Продажбата, за која не е одредена минимална цена, треба да биде завршена до 1 јули 2015 година, соопшти српската Агенција за приватизација.
Танјуг, што претставува кратенка од Телеграфска Агенција на ова Југославија, е формирана во 1943 година кога тогашна Југославија се уште била под германска окупација.
Агенцијата го достигнува својот врв за време на Студената војна, но почна да пропаѓа во времето на Слободан Милошевиќ.
Економската криза ја примора агенцијата да ја намали светската мрежа на дописници, а во минатото властите размислуваа и за опцијата за трансформација на Танјуг во владина прес-служба.
На продажбата ќе бидат понудени и неколку други српски медиуми во државна сопственост, вклчувајќи ги и локалните радио станици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


