| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје гостува еден од врвните светски неврохирурзи

Гази Јашаргил е почесен гостин на Деновите на неврохируршка наука. Интересно е што Јашаргил има потекло од Македонија, иако е Турчин роден и израснат во Истанбул. неговиот татко и чичко се родени во Штип. Тој е креатарот на модерната неврохирургија. Тој е практично жива легенда.

Jasar Jul (Custom)

д-р Гази Јашаргил

Гази Јашаргил, врвен светски неврохирург, е гостин во Скопје, каде што денеска во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) се одружуваат Денови на неврохируршката наука на земјите од Југоистична Европа. На состанокот учествуваат еминентни имиња од светот на неврохирургијата како гости-предавачи, а меѓу нив и Јашаргил (89), по чие име и до ден-денес некои од инструментите со кои се оперира го носат неговото име.

Тој е почесен гостин на Деновите на неврохируршка наука. Интересно е што Гази Јашаргил има потекло од Македонија, иако е Турчин роден и израснат во Истанбул. Неговиот татко и чичко се родени во Штип. Тој е креатарот на модерната неурохирургија. Тој е практично жива легенда.

Aleksandar Caparovski dr 2 (Custom)

проф. д-р Александар Чапаровски

– Гости ни се првите луѓе од неврохируршките институции од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Грција, Бугарија, Турција и Швајцарија. Преку 20 врвни неврохирурзи ќе имаат свои предавања. Се разговара за новините во неврохирургијата, утврдување на стратегијата, развој и во кој правец ќе оди современата неврохирургија, меѓусебна соработка, унифициранње на начинот на едукација на младите неврохирурзи. Многу ни значи што имаме отворена поддршка. Нивното присуство тука значи дека ја ценат нашата неврохирургија, која е современа, добро развиена и на нашата книника се користат најсоврмените методи – изјави професор доктор Александар Чапаровски, директор на Клиниката за неврохирургија.

Чапаровски е среќен што го имаат Гази Јашаргил како специјален гостин на предвањата.

– Тој имаше сложено предвање за фукцијата на мозокот што воопшто не е истражена. Мозокот крие многу тајни иако многу се работи. Има делови на мозокот каде што се функциите на говор, за движење, но тој го цени секој дел на мозокот. За него нема помалку значаен дел од мозокот или вреден – додава Чапаровски.

Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа имаше прв конгрес лани во Белград.

– Тогаш се договориме секоја втора година да се одржува конгресот, а се среќаваме секоја година за да се одржи континуитет и да се разменат мислење. Од почесниот гостин секогаш има многу да се научи. Има специфична филозофија која ние ја применуваме во нашата секојдневна работа – вели доктор Венко Филиче од Клиниката за неврохирургија, инаку секретар на Здружението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top