| четврток, 6 декември 2018 |

МОН и СОНК договориле динамика за разгледување на синдикалните барања

ademi-630x404

Министерот за образование и наука Абдиклаќим Адеми вчера имал повторно средба со претседателот на СОНК Јаким Неделков откако во неделата беше постигнат договор најавениот штрајк да се стави во мирување и да се интензивираат разговорите меѓу двете страни.

-Вчера имав средба со претседателот на СОНК и договоривме модалитети и динамика за разгледување на нивните барања. Се договоривме да формираме одделни групи за секоја точка од нивните барања и во рок од две до три недели повторно да се видиме како претседател на СОНК и министер – изјави Адеми денеска на прес-конференција.

Ако во меѓувреме се формираат, работните групи ќе почнат да ги разгледуваат барањата од следната седмица.

– Во понеделник или вторник, доколку добиеме конкретни предлози од СОНК за составот на работните групи, следната недела ќе продолжат работните групи да работат за сите точки, освен за покачување на платите, за што јавно кажавме дека нема буџетски можности тоа да се прифати. Се надевам дека ќе се усогласиме за некое од нивните барања и сето тоа што ќе биде усогласено, ќе биде внесено во првата наредна измена на законите – рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top