| четврток, 6 декември 2018 |

За осум месеци регистриран извоз од 3,2 милијарди долари

Export Or Import Directions On A Signpost

Обемот на трговска размена на земјава со светот во периодот јануари – август изнесува 7,01 милијарди долари, од кои 3,2 милијарди долари се извоз, а 4,8 милијарди долари увоз на стоки и услуги. Покриеноста на увозот со извоз е 66,7 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2014 година, изнесува 1,59 милијарди долари, објави Државнот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот останува најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – август 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (77,8 отсто) и земјите од Западен Балкан (13,9 отсто), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (64,1 отсто) и Останати земји, на друго место неспомнати (11, 4 отсто). Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена,земјава најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top