| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Гостиварско, тројца повредени

soobrakajka-trkalo-540x320

Фото: архива

 Три лица се потешко повредени во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 23 часот во близина на еден од влезовите во Гостивар. Од сѐ уште неутврдени причини дошло до директен судир на автомобил „опел вектра“, која ја управувал Кичевецот М.М. (63) и „сеат ибица“ управувана од Д.Т. (37) од Гостивар. Двајцата возачи и сопатничката од „опелот“ С.М.(59) се пренесени на скопските клиники.

На местото на несречата, увид извршиле екипа на СВР Тетово и јавен обвинител кои треба да ги расветлат причините кои довеле до судир на двете возила. Материјалната штета се проценува на околу 200 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top