| четврток, 6 декември 2018 |

Со симит-погача почна „Чаршиска есен“ (видео)

Во пресрет на празниците Курбан-бајрам и Јон Кипур, а по повод почетокот на манифестацијата „Чаршиска есен“, денеска во организација на Домот на занаетчиите се организираше презентација на програмата и дегустација на специјалитетот на Старата скопска чаршија – симит-погача.


Во рамките на „Чаршиската есен“ ќе се реализира туристичка саемска манифестација со промоции, изложби, трибини, изложба: „Чаршиски гастро сувенир“, екоакција „Сокак на мириси и вкусови“, изложба на рачни ракотворби, промоција  на брошура за традицијата и обичаите за позначајни празници од сите народности со детска екоетно работилница, фестивал на еко и традиционална храна, промоција на производи и активности на руралната жена, како и саем на производи за широка потрошувачка во организација на Северозападната стопанска комора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top