| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ќе им донесе на Србите фрески од династијата Караѓорѓевиќ

Рускиот претседател Владимир Путин нема да го посети Белград на 16 октомври со празни раце.

vladimir-putin

Тој при најавената посета на Србија ќе однесе српски икони и богатство кое досега е чувано во руските манастири, а кое се поврзува со династијата Караѓорѓевиќ, дознава српски „Курир“.

Путин, исто така, во Конакот кнез Милош ќе отвори изложба посветена на српско-руските односи.

– Гостинот од Русија со себе ќе носи и наше богатство, главно она кое ѝ припаѓало на династијата Караѓорѓевиќ, а кое е чувано во нивните архиви – открива извор за српски „Курир“.

Посетата на шефот на Кремљ е по повод 70-годишнината од ослободувањето на Белград од фашизмот, на која ќе присуствува и на прекрасна воена парада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top