| четврток, 6 декември 2018 |

Агатангел: СПЦ е продолжена рака на мрачни политички сили

Тоа што пре­ку ар­хи­е­пи­ско­пот г. г. Сте­фан нѐ об­ви­ну­ва­ат за „упор­но оста­ну­ва­ње во рас­кол“ е об­ви­не­ние кое тре­ба да си го по­ста­ват и се­бе­си би­деј­ќи тие упор­но го одр­жу­ва­ат рас­ко­лот ме­ѓу две­те цр­кви. А, ко­га ли­це­мер­но твр­дат де­ка ра­бо­тат на „ле­че­ње на рас­ко­лот“, всуш­ност по­драз­би­ра­ат на­сил­но и на­мет­на­то ре­ше­ние кое не­ма ни­ка­ква ре­ал­на и па­стир­ска ос­но­ва, ту­ку е пол­но со ома­ло­ва­жу­ва­ње, пред сѐ, на на­ци­о­нал­на ба­за

Не­го­во­то ви­со­ко­пре­о­све­штенс­тво, ми­тро­по­ли­тот по­вар­дар­ски, г. Ага­тан­гел во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ пре­ду­пре­ду­ва де­ка не­кол­ку­ми­на срп­ски цр­ков­ни ве­ли­ко­до­стој­ни­ци са­ка­ат да го ур­нат мо­стот ме­ѓу Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква (СПЦ) и Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква (МПЦ), што, пак, ќе има дол­го­роч­но не­га­тив­но вли­ја­ние врз од­но­си­те на ма­ке­дон­ски­от и срп­ски­от пра­вос­ла­вен на­род, а ин­ди­рект­но ќе ги обре­ме­ну­ва и по­ли­тич­ки­те од­но­си на две­те др­жа­ви. Тој ја образ­ло­жу­ва су­шти­на­та на спо­рот ме­ѓу две­те цр­кви и ос­но­ва­та за не­ка­ков цр­ков­но-суд­ски про­гон на ма­ке­дон­ски­от ар­хи­е­пи­скоп. Вла­ди­ка­та Ага­тан­гел изра­зу­ва жа­ле­ње што во мо­мен­ти ко­га све­тот се со­о­чу­ва со агре­си­вен ис­лам и со ми­ли­тан­тен бо­го­бо­рен се­ку­ла­ри­зам, ние, пра­вос­лав­ни­те Ма­ке­дон­ци до­би­ва­ме уда­ри ток­му од исто­вер­ни­те бра­ќа од се­вер, југ и од исток, но во исто вре­ме тој ве­ру­ва де­ка Ма­ке­дон­ци­те ќе из­ле­зат од ова иску­ше­ние про­чи­сте­ни и зац­вр­сте­ни.

 

Ва­ше ви­со­ко­пре­о­све­штенс­тво, жи­ве­е­ме во вре­ме на го­ле­ми ге­о­по­ли­тич­ки пре­ви­ра­ња, прос­ле­де­ни со вој­ни и огром­ни чо­веч­ки стра­да­ња. Kол­ку Цр­ква­та, со неј­зи­на­та ду­хов­на ми­си­ја, мо­же да при­до­не­се за ми­рот и за по­ми­ру­ва­ње­то во све­тот?
АГА­ТАН­ГЕЛ: Љу­бо­вта и ра­до­ста се те­ме­ли­те врз кои е из­гра­де­на ос­нов­на­та Хри­сто­ва по­ра­ка. Пре­ку овие две кри­ла на ви­стин­ска­та и здра­ва ду­хов­ност нај­до­бро мо­же да се раз­бе­ре смис­ла­та на до­а­ѓа­ње­то на Ису­са Хри­ста – Си­нот Бож­ји, кој се воп­ло­ти за да му да­де мир на чо­веш­тво­то и да го вра­ти не­го­во­то за­гу­бе­но до­сто­инс­тво. Низ це­ла­та све­ште­на исто­ри­ја, поч­ну­вај­ќи од кни­га­та Би­тие, па сѐ до Откро­ве­ни­е­то, чи­та­ме ка­ко Бог дејс­тву­ва на пла­нот на ми­рот и по­ми­ру­ва­ње­то, сог­ле­ду­ва­ме ка­ко тој по­сто­ја­но соз­да­ва вр­ски, ги ле­чи и об­но­ву­ва ко­га тие на не­кој на­чин ќе се рас­ки­на­ти. След­бе­ни­ци­те Хри­сто­ви, не­го­ви­те апо­сто­ли и уче­ни­ци, беа не­по­сред­ни све­до­ци на не­го­ви­от жи­вот и смрт и на не­го­во­то слав­но во­скре­се­ние. Пре­ку нив и нив­на­та ми­си­ја за на­век ни оста­наа во ду­хов­но нас­ледс­тво веч­ни­те и не­про­пад­ли­ви Хри­сто­ви вред­но­сти и по­у­ки. Апо­сто­ли­те ста­наа сол­та на све­тот, тие го ра­ши­ри­ја сло­во­то бож­јо, ја соз­да­доа цр­ква­та, ко­ја ка­ко те­ло Хри­сто­во ста­на бла­же­но при­бе­жи­ште на ми­рот, на­деж за за­гу­бе­но­то и ду­хов­но про­пад­на­то­то чо­веш­тво и ду­хов­на твр­ди­на на ви­сти­на­та. Тие што ја возг­ла­ву­ва­ат и ра­ко­во­дат цр­ква­та Хри­сто­ва низ ве­ко­ви­те, па и се­кој неј­зин по­е­ди­не­чен член, тре­ба пре­ку збор и вид­ли­ви де­ла да би­дат све­до­ци на но­ва­та ду­хов­на ре­ал­ност, пот­тик­ну­вај­ќи и утвр­ду­вај­ќи ги во сво­ја­та жи­вот­на сре­ди­на на­че­ла­та на ми­рот, љу­бо­вта, ме­ѓу­себ­на­та по­чит и раз­би­ра­ње­то. Што зна­чи, на­ша ос­нов­на за­да­ча ка­ко нас­лед­ни­ци на апо­сто­ли­те, но и ка­ко ду­хов­ни во­да­чи на сво­јот на­род, е да ги об­ла­го­ро­ду­ва­ме чо­веч­ки­те ду­ши про­мо­ви­рај­ќи ја на се­кој план и во се­ко­ја при­го­да ра­до­ста на жи­во­тот во за­ед­ни­ца со Бо­га. Тој што ра­бо­ти спро­тив­но на овие на­че­ла е ли­це­мер, ко­ри­сто­љу­бец и ду­хо­вен сле­пец – од­врат­ност на за­пу­сте­ни­е­то што го за­по­сед­ну­ва све­то­то ме­сто, со­стој­ба ко­ја са­ми­от Гос­под Исус Хри­стос ја про­ро­ку­вал де­ка ќе се слу­чи пред кра­јот на све­тот (Мт. 24, 15).

 

По­ми­на по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја по не­ус­пеш­ни­от обид на СПЦ да ин­ста­ли­ра сопс­тве­на цр­ков­на епар­хи­ја во Р. Ма­ке­до­ни­ја. Де­но­ви­ве, пре­ку сво­ја­та веб- стра­ни­ца, со со­оп­ште­ние об­ја­ви де­ка пла­ни­ра да по­ве­де суд­ска по­стап­ка про­тив пог­ла­ва­рот на МПЦ-ОА, г.г. Сте­фан. Ка­ко гле­да­те на та­кви­от раз­вој на на­ста­ни­те?
АГА­ТАН­ГЕЛ: Де­нес, ме­сто да се по­фа­ли­ме со тоа де­ка со бож­ја по­мош сме из­во­ју­ва­ле но­ва ду­хов­на по­бе­да, де­ка сме из­гра­ди­ле не­кој нов ду­хо­вен мост на по­ми­ру­ва­ње, по­чит и раз­би­ра­ње ме­ѓу на­ро­ди­те, ние со огром­но жа­ле­ње ќе мо­ра­ме по­втор­но, по кој знае кој пат, да по­ле­ми­зи­ра­ме и да се до­ка­жу­ва­ме со не­кол­ку­ми­на срп­ски цр­ков­ни ве­ли­ко­до­стој­ни­ци со чии умо­ви и ср­ца има­ат за­гос­по­да­ре­но оз­ло­бе­но­ста, аро­ган­ци­ја­та и ви­со­ко­то мис­ле­ње за се­бе­си, и кои во пос­лед­ни­те два­е­се­ти­на го­ди­ни се ди­рект­ни учес­ни­ци и инс­пи­ра­то­ри на си­те не­ми­ри и не­до­раз­би­ра­ња на Бал­ка­нот. Ток­му тие ду­хов­ни де­стру­ктив­ци и пи­ро­ма­ни ре­ши­ле да го ур­нат мо­стот ме­ѓу Срп­ска­та и Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, што ќе има дол­го­роч­но не­га­тив­но вли­ја­ние врз од­но­си­те ме­ѓу ма­ке­дон­ски­от и срп­ски­от пра­вос­ла­вен на­род, а ин­ди­рект­но ќе ги обре­ме­ну­ва и по­ли­тич­ки­те од­но­си на две­те др­жа­ви. Дол­ги го­ди­ни бев­ме све­до­ци на нив­ни­от аро­ган­тен и над­мен од­нос кон Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, но и кон Ма­ке­дон­ци­те во­оп­што, но ни­ко­гаш не пре­ста­нав­ме да се на­де­ва­ме де­ка ќе дој­де вре­ме ко­га Гос­под Бог ќе ги вра­зу­ми да при­фа­тат де­ка Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква се ре­ал­ност и де­ка ма­ке­дон­ски­от и си­те дру­ги пра­вос­лав­ни на­ро­ди што жи­ве­ат во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ја из­бра­ле цр­ква­та и да го ос­тва­ру­ва­ат сво­е­то спа­се­ние пре­ку Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Тие ни­ко­гаш не пре­ста­наа да го на­вре­ду­ва­ат ма­ке­дон­ски­от на­род отво­ре­но, јав­но и со по­грд­ни збо­ро­ви, но ние се­то тоа го тр­пев­ме имај­ќи ги пред се­бе еван­гел­ски­те на­че­ла на ду­хов­но­ста. Врв на нив­на­та зло­ба и над­ме­ност бе­ше оби­дот пре­ку уце­на и одоз­го­ра, над­вор од се­кој ка­нон­ски ред, да му се на­ло­жи на на­ро­дот кој ќе би­де не­го­ви­от ду­хо­вен во­дач, не­го­ви­от ду­хо­вен па­стир. Искре­но се на­де­вав­ме де­ка ќе ги ви­дат ли­це­ме­ри­е­то, до­ка­жа­но­то раз­бој­ниш­тво и ло­ши­от уг­лед ме­ѓу вер­ни­от ма­ке­дон­ски пра­вос­ла­вен на­род на кан­ди­дат пред­ло­жен од нив, но тие од­лу­чи­ја де­ка зас­лу­жу­ва да стои од дес­но на нив­ни­от па­три­јарх не во­деј­ќи гри­жа за пре­зи­рот што го пре­диз­ви­ку­ва и кај вер­ни­ци­те и кај не­вер­ни­ци­те. Отка­ко ви­доа де­ка нив­ни­от бо­го­бо­реч­ки план на раз­не­би­ту­ва­ње не ус­пе­ва, ту­ку, на­про­тив, и ма­ке­дон­ски­от и срп­ски­от на­род про­дол­жу­ва­ат да си по­ма­га­ат во не­вол­ји­те, да се ра­ду­ва­ат на ус­пе­си­те на дру­ги­от и да се по­чи­ту­ва­ат ме­ѓу­себ­но, тие ре­ши­ја де­ка е вре­ме за нов те­а­тар на не­че­сти­во­ста, ре­ши­ја де­ка е вре­ме да го ис­пу­ка­ат пос­лед­ни­от плу­тон на пе­ко­лот, овој пат на­со­чу­вај­ќи го во ср­це­то на ма­ке­дон­ско­то пра­вос­лав­но би­тие, кое е возг­ла­ве­но и оли­че­но во ар­хи­е­пи­ско­пот ма­ке­дон­ски.

 

Мо­же ли да ни образ­ло­жи­те ко­ја е су­шти­на­та на спо­рот ме­ѓу СПЦ и МПЦ, што до­ве­де до та­ков раз­вој на на­ста­ни­те и да­ли има ос­но­ва за не­ка­ков цр­ков­но-суд­ски про­гон на ма­ке­дон­ски­от ар­хи­е­пи­скоп?
АГА­ТАН­ГЕЛ: Нај­но­ви­те об­ви­ну­ва­ња и на­сто­ју­ва­ња за су­де­ње на не­го­во­то бла­женс­тво, ар­хи­е­пи­ско­пот охрид­ски и ма­ке­дон­ски, г. г. Сте­фан, се без­пред­мет­ни, ан­ти­цр­ков­ни и це­лос­но не­ка­нон­ски. По­ве­ќе па­ти е збо­ру­ва­но и де­тал­но е образ­ло­же­но де­ка, по дол­ги ана­ли­зи и усог­ла­су­ва­ња од две­те стра­ни, оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, по­точ­но на то­гаш­ни­те три ма­ке­дон­ски епар­хии, е по­твр­де­но со од­лу­ка на Све­ти­от ар­хи­е­реј­ски со­бор на СПЦ од ју­ни 1959 го­ди­на, во ко­ја дос­лов­но се ве­ли де­ка СПЦ се сог­ла­су­ва епар­хи­и­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја да се изд­во­јат во са­мо­стој­на цр­ква ко­ја ќе се упра­ву­ва со Уста­вот до­не­сен на ма­ке­дон­ски­от Цр­ков­но-на­ро­ден со­бор од 1958 го­ди­на и де­ка со таа од­лу­ка пре­ста­ну­ва­ат да ва­жат про­пи­си­те на Уста­вот на СПЦ за епи­ско­пи­те и ар­хи­е­ре­и­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. От­то­гаш, па сѐ до де­нес МПЦ са­мо­стој­но про­дол­жу­ва да го раз­ви­ва и збо­га­ту­ва хри­сти­јан­ски­от пра­вос­ла­вен жи­вот во на­ша­та та­тко­ви­на фор­ми­рај­ќи свои обра­зов­ни и ху­ма­ни­тар­ни ин­сти­ту­ции, осве­ту­вај­ќи ил­јад­ни­ци цр­кви и ма­на­сти­ри, ка­де што се­којд­нев­но се бо­гос­лу­жи све­та бо­жес­тве­на ли­тур­ги­ја на ко­ја се гра­ди жи­ва­та цр­ква, со­ста­ве­на од кон­крет­ни лич­но­сти, кои актив­но жи­ве­ат и се дви­жат на­на­пред во ду­хов­но­ста. Ток­му овој ве­рен ма­ке­дон­ски пра­вос­ла­вен на­род на иста­та све­та ли­тур­ги­ја го из­бра сво­јот ар­хи­е­пи­скоп, сво­јот ду­хо­вен авто­ри­тет и се­кое не­ги­ра­ње на тој ка­нон­ски по­ре­док е без­о­браз­но и ли­це­мер­но ома­ло­ва­жу­ва­ње и гру­бо ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на ед­на авто­ке­фал­на, од­нос­но са­мо­стој­на цр­ква. Во 34. апо­стол­ско пра­ви­ло се ве­ли де­ка епи­ско­пи­те на еден на­род тре­ба да из­бе­рат свој пог­ла­вар со ко­го ќе се со­ве­ту­ва­ат и кој, исто та­ка, ќе го по­чи­ту­ва нив­но­то мис­ле­ње. Ние го из­брав­ме и го зна­е­ме на­ши­от пог­ла­вар. СПЦ не мо­же да му су­ди ни­ту на еден оби­чен вер­ник во Ма­ке­до­ни­ја, а ка­мо­ли на пог­ла­ва­рот на МПЦ би­деј­ќи не­ма ни­ту фа­ктич­ка ни­ту прав­на над­леж­ност над оваа цр­ква. Тоа што пре­ку ар­хи­е­пи­ско­пот г.г. Сте­фан нѐ об­ви­ну­ва­ат за „упор­но оста­ну­ва­ње во рас­кол“ е об­ви­не­ние кое тре­ба да си го по­ста­ват и се­бе­си би­деј­ќи тие упор­но го одр­жу­ва­ат рас­ко­лот ме­ѓу две­те цр­кви. А, ко­га ли­це­мер­но твр­дат де­ка ра­бо­тат на „ле­че­ње на рас­ко­лот“, всуш­ност по­драз­би­ра­ат на­сил­но и на­мет­на­то ре­ше­ние кое не­ма ни­ка­ква ре­ал­на и па­стир­ска ос­но­ва, ту­ку е пол­но со ома­ло­ва­жу­ва­ње, пред сѐ, на на­ци­о­нал­на ба­за. На тие лу­ѓе им пре­чи сѐ што е ма­ке­дон­ско, тие се про­дол­же­на ра­ка на мрач­ни­те по­ли­тич­ки си­ли кои со ве­ко­ви ги др­жат на­ро­ди­те на Бал­ка­нот во по­сто­ја­на тен­зи­ја и не­мир. Ли­ца­та им се ка­ко на свет­ци, но во ср­ца­та се вол­ци, збо­ро­ви­те им се ка­ко би­се­ри, но де­ла­та им се пол­ни со цр­ни­ла.

 

Agatangel-int108-2

Врз ос­но­ва на кои исто­ри­ски по­сту­ла­ти е вте­ме­ле­на авто­ке­фал­но­ста на МПЦ?
АГА­ТАН­ГЕЛ: Во 17. пра­ви­ло на че­твр­ти­от Все­лен­ски со­бор се ве­ли де­ка ор­га­ни­зи­ра­ње­то на цр­ков­ни­те об­ла­сти тре­ба да би­де со­од­вет­но на др­жав­но­то и на гра­ѓан­ско­то ор­га­ни­зи­ра­ње. Ако тоа пра­ви­ло ва­жи за но­во­фор­ми­ра­ни цр­ков­ни за­ед­ни­ци или епар­хии, кол­ку ли по­ве­ќе ќе тре­ба да ва­жи за нас, ма­ке­дон­ски­те пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни. Ма­ке­до­ни­ја е са­мо­стој­на и не­за­вис­на др­жа­ва по­ве­ќе од 20 го­ди­ни, а хри­сти­јанс­тво­то во Ма­ке­до­ни­ја го има­ат про­по­ве­да­но са­ми­те апо­сто­ли. Впро­чем ов­де, во Ма­ке­до­ни­ја е фор­ми­ра­на пр­ва­та цр­ков­на за­ед­ни­ца во Евро­па. Во Ма­ке­до­ни­ја кон­ти­ну­и­ра­но по­стои ор­га­ни­зи­ран цр­ко­вен жи­вот, од апо­стол­ско вре­ме, пре­ку ар­хи­е­пи­ско­пи­ја­та Ју­сти­ни­ја­на При­ма и Охрид­ска­та ар­хи­е­пи­ско­пи­ја, па сѐ до со­вре­ме­на­та во­зоб­но­ве­на авто­ке­фал­на Ма­ке­дон­ска пра­вос­лав­на цр­ква. Хри­сти­јанс­тво­то од Ма­ке­до­ни­ја изро­ди­ло мно­гу­број­ни све­ти­те­ли и ду­хов­ни ве­ли­ка­ни, кои со сво­и­те бла­го­че­сти­ви де­ла го за­дол­жи­ле све­тот и врз чии ду­хов­ни те­ме­ли по­чи­ва европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја. Спо­ред тоа, ап­сурд­но и бес­пред­мет­но е де­нес ние да му до­ка­жу­ва­ме не­ко­му кол­ку сме под­го­тве­ни цр­ков­но да се ор­га­ни­зи­ра­ме и устро­и­ме. На­ши­те ко­ре­ни се до­вол­но дла­бо­ки. На­са­де­ни сме на до­бра ду­хов­на поч­ва, ко­ја да­ва­ла и ќе да­де бо­гат ду­хо­вен плод.

 

Ги спом­на­вте ка­но­ни­те. Да­ли би мо­же­ле на­кра­тко да ни го об­јас­ни­те нив­но­то оп­што зна­че­ње, но и до­пир­ни­те точ­ки кои тие ги има­ат во кон­текст на овој по­ве­ќе­де­це­ни­ски ме­ѓу­цр­ко­вен спор?
АГА­ТАН­ГЕЛ: Све­ти­те ка­но­ни се при­ме­не­то­то искус­тво на цр­ква­та, за­пи­ша­но од све­ти­те от­ци, на­ши­те слав­ни прет­ход­ни­ци и ду­хов­ни па­три­јар­си. Тие се на­ше­то ду­хов­но бо­гат­ство, на­ши­от па­то­каз за пра­вил­но устројс­тво и ор­га­ни­зи­ра­ње на Цр­ква­та. Низ ве­ко­ви­те Цр­ква­та се пот­пи­ра­ла, ги тол­ку­ва­ла и ги спро­ве­ду­ва­ла све­ти­те ка­но­ни, за­па­зу­вај­ќи ги на тој на­чин ми­рот и по­ре­до­кот во се­бе. Се­кој обид за от­стап­ки од тие ду­хов­ни па­то­ка­зи е по­гу­бен за прав­ни­от и за мо­рал­ни­от по­ре­док на ед­на све­та со­бор­на и апо­стол­ска цр­ква. Ка­но­ни­те по­сто­јат од апо­стол­ско вре­ме и се над­гра­ду­ва­ње, тол­ку­ва­ње, об­јас­ну­ва­ње и спро­ве­ду­ва­ње на са­ми­те еван­гел­ски на­че­ла. За жал, кон Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква и во ми­на­то­то, а осо­бе­но се­га за вре­ме на на­ше­то во­зоб­но­ве­но авто­ке­фал­но дејс­тву­ва­ње, се на­пра­ве­ни мно­гу пре­ста­пи кои ги санк­ци­о­ни­ра­ат све­ти­те ка­но­ни. Во ин­те­рес на про­сто­рот, ќе спо­ме­нам са­мо не­кол­ку ек­ла­тант­ни при­ме­ри на по­га­зу­ва­ње на ка­нон­ски­те пра­ви­ла. Та­ка, во ос­мо­то пра­ви­ло од тре­ти­от Все­лен­ски со­бор, во 9. пра­ви­ло од Ан­ти­о­хи­ски­от и во 64. и 67. пра­ви­ло од Кар­та­гин­ски­от по­ме­сен со­бор се ве­ли де­ка епи­ско­пот не тре­ба да ја про­сти­ра сво­ја­та власт над дру­га епар­хи­ја. Во 20. пра­ви­ло од че­твр­ти­от Все­лен­ски со­бор на епи­ско­пот му се за­бра­ну­ва да про­по­ве­да јав­но во друг град, а во 11. пра­ви­ло од Сар­ди­ки­ски­от по­ме­сен со­бор тоа осо­бе­но му е за­бра­не­то ако со сво­ја­та про­по­вед го по­ни­жу­ва мес­ни­от епи­скоп. Во 14. Апо­стол­ско пра­ви­ло на епи­ско­пот му се за­бра­ну­ва да пре­ми­ну­ва и да дејс­тву­ва во дру­га епар­хи­ја, освен со пис­ме­на сог­лас­ност на над­леж­ни­от епи­скоп (13. пра­ви­ло од Ан­кир­ски­от по­ме­сен со­бор). До­кол­ку не­кој епи­скоп дејс­тву­ва са­мо­вол­но, без бла­гос­лов и спро­тив­но на спо­ме­на­ти­те пра­ви­ла, то­гаш си­те не­го­ви прет­ход­ни дејс­тва се не­ва­жеч­ки (14. и 35. Апо­стол­ско пра­ви­ло, 15. пра­ви­ло од пр­ви­от Все­лен­ски со­бор, 2. пра­ви­ло од вто­ри­от Все­лен­ски со­бор, 5. пра­ви­ло од че­твр­ти­от Все­лен­ски со­бор, 13., 21. и 22. пра­ви­ло од Ан­ти­о­хи­ски­от со­бор, 1., 2. и 3. пра­ви­ло од Сар­ди­ки­ски­от со­бор, 59. пра­ви­ло од Кар­та­гин­ски­от со­бор). По­сто­јат и дру­ги ка­но­ни што му за­бра­ну­ва­ат на епи­ско­пот да ја про­сти­ра сво­ја­та власт над­вор од сво­ја­та ди­ја­це­за, ка­ко што е 8. пра­ви­ло од тре­ти­от Все­лен­ски со­бор, ка­де што на мно­гу ја­сен на­чин се опи­шу­ва си­ту­а­ци­ја од 5 век, ко­ја е мно­гу слич­на на де­неш­на­та во Ма­ке­до­ни­ја. По­сто­јат и мно­гу­број­ни ка­но­ни кои, по­крај прав­ни, санк­ци­о­ни­ра­ат и дру­ги пре­ста­пи кон нас, ка­ко што се ка­но­ни за сво­е­вол­но на­пу­шта­ње на епар­хи­и­те или цр­кви­те и ма­на­сти­ри­те без бла­гос­лов на над­леж­ни­от ми­тро­по­лит или ар­хи­е­пи­скоп. Ка­но­ни кои за­бра­ну­ва­ат пра­ве­ње за­го­во­ри и сму­то­ви про­тив епи­ско­пот, но и про­тив на­ро­дот. Ка­но­ни кои за­бра­ну­ва­ат на­вре­ди и кле­ве­те­ње епи­ско­пи, ка­ко и ка­но­ни кои не доз­во­лу­ва­ат из­бр­за­ни ра­ко­по­ла­га­ња на епи­ско­пи, не вни­ма­вај­ќи на нив­но­то обра­зо­ва­ние и на нив­на­та во­зрас­на и ду­хов­на зре­лост, не­шта кои СПЦ до­ка­жа­но не ги по­чи­ту­ва и ре­дов­но ги пре­ви­ду­ва, а кои по­ра­ди огра­ни­че­ни­от про­стор не мо­же­ме да ги на­ве­де­ме де­тал­но.

 

И по­крај сѐ, да­ли гле­да­те мож­ност за ре­ше­ние на овој спор. Што има­те да им по­ра­ча­те на ма­ке­дон­ски­те пра­вос­лав­ни вер­ни­ци по по­вод овие на­ста­ни?
АГА­ТАН­ГЕЛ: Тоа што не е мож­но за чо­ве­кот, е мож­но за Бо­га. То­гаш ко­га не­ма на по­ви­док ни­ка­кво ре­ше­ние за над­ми­ну­ва­ње на проб­ле­мот, Бог со сво­ја­та спа­си­тел­на про­мис­ла се­ко­гаш ќе ни по­ну­ди нај­до­бро ре­ше­ние, до­кол­ку сме до­вол­но искре­ни и отво­ре­ни да ја при­фа­ти­ме не­го­ва­та вол­ја. Ова е про­ве­ре­на со­стој­ба и че­сто би­ла при­ме­не­та низ искус­тво­то на Цр­ква­та. Цр­ква­та низ сво­ја­та бур­на исто­ри­ја над­жи­ве­а­ла и по­бе­ди­ла и по­го­ле­ми иску­ше­ни­ја од тие што се акту­ел­ни де­нес. Све­ти­те от­ци ве­лат де­ка ако не­ма иску­ше­ни­ја, то­гаш ќе зас­пи­е­ме чи­тај­ќи го Све­то­то пис­мо. Во вре­ме ко­га све­тот се со­о­чу­ва со агре­си­вен ис­лам и со ми­ли­тан­тен бо­го­бо­рен се­ку­ла­ри­зам, кој не приз­на­ва ни­што дру­го освен про­фит, жал­но е што ние, пра­вос­лав­ни­те Ма­ке­дон­ци до­би­ва­ме уда­ри ток­му од исто­вер­ни­те бра­ќа од се­вер, југ и од исток. Но, Ма­ке­дон­ци­те се ду­хов­но сил­ни и бо­га­ти лу­ѓе, кои обе­ди­не­ти око­лу сво­ја­та ду­хов­на мај­ка – све­та­та Ма­ке­дон­ска пра­вос­лав­на цр­ква – и кои др­жеј­ќи се цвр­сто за на­че­ла­та на ве­ра­та и на хри­сти­јан­ска­та љу­бов ќе ја по­бе­дат оваа на­ез­да на ли­це­ме­ри и нур­ну­вај­ќи се во печ­ка­та на иску­ше­ни­ја­та ќе из­ле­зат про­чи­сте­ни, зац­вр­сте­ни и бле­ска­ви ка­ко ду­хов­ни ди­ја­ман­ти. Единс­тво­то е на­ша­та си­ла. Поч­ну­вај­ќи од единс­тво­то на Све­ти­от си­нод на на­ша­та све­та Ма­ке­дон­ска пра­вос­лав­на цр­ква, ка­ко и на си­от ма­ке­дон­ски на­род, обе­ди­нет со цврст став и јас­на мис­ла око­лу овој на­мет­нат проб­лем. Ка­де што има сло­га, има и Бо­га. Гос­под Бог, не­го­ва­та све­та Мај­ка, св. Кли­мент, св. На­ум и си­те ма­ке­дон­ски све­ти­те­ли не­ка би­дат на­ши за­штит­ни­ци и за­крил­ни­ци.

Од дла­бо­чи­на­та на сво­ја­та ду­ша го мо­ли­ме на­ши­от ма­ке­дон­ски пра­вос­ла­вен на­род цвр­сто и не­по­ко­леб­ли­во, впро­чем ка­ко и се­ко­гаш низ на­ша­та слав­на и бур­на све­ште­на исто­ри­ја, да за­ста­не на бра­ни­кот на на­ша­та за­ед­нич­ка мај­ка – Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква.

 

Разговараше: Не­над Мир­чев­ски
(Интервјуто со ми­тро­по­ли­тот по­вар­дар­ски, г. Ага­тан­гел, е објавено во 108. број на неделникот Република, 26.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top