| четврток, 6 декември 2018 |

Швеѓаните најмногу читаат криминалистичка литература

Knigi-620x360

Најновите статистички показатели околу популарноста на одделни литературни жанрови во Шведска претставуваат уште една потврда за доминантните читателски трендови во земјата на Нобеловата награда за литература, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Швеѓаните најчесто купуваат и читаат криминалистичка литература.

Четириесет и три проценти од шведските читатели преферираат таков вид литература, а за што потврда можеше да се најде и на минатонеделниот Саем на книгата во Гетеборг, најголема книжевна манифестација во Скандинавија со повеќе од 100.000 посетители.

Статистиката, исто така, покажува дека меѓу шведските читатели 34 отсто се определуваат, пред сѐ, за уметнички романи, 9 проценти читаат биографии, 3 проценти стручна литература, додека 2 процента избираат дела на класични автори.

Шведската криминалистичка литература во последниве доцении се наметна како феномен во глобални рамки. Книгите на Стиг Ларсон, Камила Лекберг, Лиса Марклунд и Арне Дал се преведени на голем број јазици во светот со огромни тиражи, а на нивните автори им донесоа милионски суми зароботувачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top