| четврток, 6 декември 2018 |

Десет сообраќајки на подрачјето на Скопје

soobracajka-1

фото: Архива

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, седум сопатници и еден пешак.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мотоцикл.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани тројца возачи, кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи, кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, и 19 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативна работилница во основното училиште „Александар Македонски“, кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска и за време на викендот нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top