Љубителите на популарната турска серија „Величествениот“ во Унгарија за утре најавија одржување протести затоа што локалната телевизија „Ер-Те-Ел клуб“ реши да го прекине емитувањето на серијалот.
Поради таквата одлука на телевизијата, група најверни гледачи на серијата организираа акција за собирање потписи за продолжување на емитувањето на „Величествениот“. За кратко време петицијата ја потпишале неколку десетици илјади Унгарци.
Поттикнати од ваквата поддршка, иницијаторите на петицијата за утре најавија одржување на протестен собир пред зградата на „Ер-Те-Ел клуб“.
Реагирајќи на таквата мобилноста на гледачите, телевизијата соопшти дека серијата е само привремено прекината бидејќи во терминот во кој таа се емитувала во следните неколку недели ќе оди реално шоу.
Поради таквата одлука, телевизијата им се извини на љубителите на „Величествениот“, која е една од најгледаните серии во Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст