| четврток, 6 декември 2018 |

Исламисти им отсекле глави на три жени, ги фотографирале и ги објавиле на социјалните мрежи

Џихадистите на Исламската држава убиле девет курдски борци, меѓу нив и три жени. На сите им ги отсекле главите, а главите на жените потоа ги изложиле, фотографирале и фотографиите ги објавиле на социјалните мрежи.

sirija buntovnici

Сириската опсерваторија за човекови права  информираше за група од девет курдски борци на кои милитантите од исламската држава им ги отсекле главите. Исламистите на своите социјални мрежи ги објавиле главите на убиените жени, поставени на цементен блок. Сè уште се чека потврда на автентичноста на спорните фотографии.

Кон средината на септември курдските сили биле опколени кај сирискиот град Кобани. Токму таа борба го покрена најголемиот егзодус во сириската граѓанска војна, па повеќе од 160 илјади луѓе пребегаа во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top