| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен напад врз седиштето на грчката владејачка партија

Најмалку седум луѓе се уапсени денеска во Солун и Атина, меѓу кои и едно лице за кое се претпоставува дека планирало да изврши напад врз седиштето на грчката владејачка конзервативна партија Нова демократија.

grcija1

Полицијата соопшти дека осомничениот е припадник на милитантна група на екстремната левица.

При претресот на неговиот стан биле пронајдени белешки за наводни потенцијални мети, а меѓу нив се наоѓале и сопственици на бродоградилишта, претседателот на грчката Стопанска комора и првиот човек на најголемиот грчки фудбалски клуб „Олимпијакос“.

– Тоа беше удар насочен кон ослабнување на државните институции и нашата економија, во момент кога се обидуваме да излеземе од кризата, изјави денеска грчкиот министер за јавен ред, Василис Кикилиас.

Осомничениот е Грк, кој одбива да соработува при сослушувањата на полицијата, но други детали не се наведуваат.

Во одделна антитерористичка акција, во Солун и Атина, биле уапсени шест лица – петмина Грци и еден Албанец. Кај нив се пронајдени експлозив, оружје, фалсификувани документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top