| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден пакет со динамит пред грчката берза

Пакет со динамит и кабли денеска бил откриен пред влезот на зградата на грчката берза, по што безбедно бил деактивиран од специјални единици за демонтирање на бомби.

dinamit_1

Полицијата соопшти дека на направата и недостасувал механизам за активирање, така што таа не можела да експлодира сама.
Официјален претставник на берзата изјавил дека пакетот кој бил откриен утрово не влијаел врз работата на институцијата.

Силите за борба против тероризам го испитуваат случајот.

При експлозија на автомобил-бомба пред грчката берза во 2009 година, полесно беше повредено едно лице и беше причинета материјална штета на зградата. За овој напад одговорност презеде една анархистичка група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top