| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја освои и Модната недела во Париз (ФОТО)

Рускиот претседател Владимир Путин го освои и модниот пазар. Тој бил во центарот на вниманието за време на модната недела во Париз, пишуваат странските медиуми.

putin3

На модната недела била претставена колекција на облека со слики на рускиот лидер и провокативни натписи.

Автори на оваа линија облека се дизајнерите од Минхен Адријан Ранхоф и Џони Талбот – претставници на модната куќа ТалботРанхоф.

putin2

Според британскиот весник „Дејли мејл“ на овој начин креаторите се одлучиле да го искажат својот протест против политиката на Путин во Украина. Идејата им дошла по патување до Москва, каде во трговскиот центар ГУМ виделе маици со ликот на Путин во “хавајска” кошула и коктел во рака со натпис: “Greetings from Crimea” (“Поздрави од Крим”).

putinmoda1-1728x800_c

-Тоа што некои луѓе ги купуваат овие дресови и со гордост ги носат, ни се чинеше интересен тренд. Се двоумев дали да создадеме наша сопствена колекција во знак на протест – изјавиле дизајнерите.

putin4



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top