| четврток, 6 декември 2018 |

Mузеите Лувр, Версај и Орсеј да бидат отворени седум дена во неделата

luvr-prorok-muhamed-1348622202-212468

Француската влада планира од следната година трите најпосетени музеи – Лувр, Версај и Орсеј – да бидат отворени седум дена во неделата, и тоа ќе биде мерка планирана во буџетот за култура во 2015 година.

Продолжената работна недела ќе стапи во сила од 2015 до 2017 година, а планираното се спроведува по претходни консултации со претставници од вработените, соопшти Министерството за култура.

Моментно тие три музеи се затворени в понеделник или вторник. Лувр годишно го посетуваат повеќе од девет милиони луѓе, што е светски рекорд, додека седум милиони го посетуваат Версај, а 3,5 милиони Орсеј.

Во Лондон најголемите музеи – Британскиот музеј и Националната галерија се отворени цела недела, како што е случај и со Музејот за модерна уметност во Њујорк. И управата на музејот Прадо во Мадрид одлучи во крајот на 2011 година таа установа да биде отворена цела недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top