| четврток, 6 декември 2018 |

Сања Николиќ: Ми измислуваат дека сум бремена

Поранешната манекенка Сања Николиќ ги демантира гласините дека е бремена.

– Ми измислуваат дека сум бремена. Тоа нема врска. Па, само што се земавме, не ни се брза толку многу – вели Сања за „Вечер“.

Сепак, таа вели дека еден ден сака да се најде во улога на мајка.

– Нормално дека размислувам за мајчинство и сакам еден ден да го доживеам тоа искуство. Сепак, уште е рано за такво нешто. Кога ќе треба, тогаш ќе се случи и тоа – додаде Сања.

Неодамна Сања се омажи за раперот Слаткар и, како што вели таа, ништо не ѝ се сменило откако е во брак.

– Многумина велат дека во брак сѐ се менува, нам сѐ ни е исто како што ни беше и пред да се венчаме. Живеевме заедно четири години и апсолутно ништо не е променето откако направивме свадба – заврши Сања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top