
Судскиот совет во гевгелискиот Основен суд го прогласи за виновен поранешниот српски кошаркар Дејан Котуровиќ и го осуди на тримесечна затворска казна за фалсификување исправа. Котуровиќ и неговите адвокати беа крајно незадоволни од пресудата и најавија жалба – објави Вечер.
Тој беше обвинет дека влегол во Македонија со автомобил кој бил пријавен за украден во Бугарија и на кој биле сменети сериските броеви на моторот и шасијата и внесени во фалсификувани документи, кои тој им ги приложил на полициските службеници на граничниот премин Богородица.
Во своја одбрана Котуровиќ изјави дека тој не знаел дека станува збор за украдено возило и дека е всушност жртва во овој случај. Котуровиќ рече дека автомобилот го купил од продавач на половни возила во Белград на кого му платил 13.000 евра за џипот „хонда“ и од кого ги добил фалсификуваните документи. Тој наведе дека со возилото патувал во повеќе земји во Европа и е доказ дека не знаел и дека не е виновен.
Дејан Котуровиќ е поранешен репрезентативец на Србија, а во својата богата кариера има настапувано за повеќе тимови, како Партизан, Виртус Болоња, Таукерамика и НБА-тимовите Бостон селтикс, Феникс санкс. Тој е носител на светско олимписко и европско злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


