
Полицаец од Радовиш застрелал мотоциклист кој не застанал на негов знак додека го регулирал сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, на 12 овој месец, М.К.(30) од Радовиш, вработен како полицаец, бил ангажиран за вршење службени задачи од областа на сообраќајот. Тој му дал знак на еден мотоциклист да застане, а откако тој не ја испочитувал наредбата и го продолжил движењето, полицаецот од службениот пиштол испукал два куршуми, погодувајќи го М.И.(28) од село Почивало, Штипско, во пределот на коленото.
Од преземени мерки било утврдено дека М.К. го употребил огненото оружје иако не биле исполнети условите за тоа. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизивкување општа опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре


