
Муџахедините од Исламската држава се приближија на три километри од стратешкиот курдски град во Сирија, Ајн ел Араб, кој се наоѓа во близина на границата со Турција.
– Постојат реални стравови дека ИД може да напредува до градот… многу брзо – предупреди сириската опозициска група Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.
Курдските борци со поддршка од авионите на меѓународните сили се обидуваат да ги спречат припадниците на ИД да го заземат градот Ајн ел Араб.
Турскиот парламент денеска ќе одлучува за воена интервенција против исламистите. Турција, која е членка на НАТО, по повеќе месеци одлучи да ја заостри својата политика. Турската влада побара од Парламентот да одобри воена интервенција против ИД во Ирак и во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


