| четврток, 6 декември 2018 |

„Подарок“ изненади играч од Свети Николе со 60.000 денари

Со добивка влегуваме во десеттиот месец од годинава. Инстант-лозот „подарок“ во октомври израдува наш среќен играч од Свети Николе. Атанас Пецев влезе во кругот среќни добитници на инстант-игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.

Атанас својот добитен инстант лоз „Подарок“ го купил од продажното место Вен Марк. Поточно купил три лоза, а интересно е тоа што сите биле добитни. Два од нив имале помала добивка – 50, а третиот 500 денари. Атанас се решил помалите добивки да ги врати во игра, а тие, пак, му ја обезбедиле шансата за среќа и убавата добивка од 60 илјади денари.

Само за потсетување, инстант-лотаријата „подарок“ има цел да ви ги развесели празниците, па дури и да ви го претвори во празник некој сосема обичен ден. Со лозот „подарок“ ви овозможуваме да ја решите дилемата за подарок за роденден, именден или каков било друг повод.  Со добивките од лозот „подарок“ развеселете се самите или другите.

Цената на лозот е 50 денари, а во игра ве очекуваат многубројни парични премии од 50 до 60.000 денари. За повеќе забава вклучени се и помали добивки, кои го прават секој трет лоз е добитен, но и ги зголемуваат шансите за повеќе забава. Трите идентични суми во лозот се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа.

Со најубави желби за љубов и за дружење, одберете го вашиот среќен „подарок“!

Инстант-лозот „подарок“  може да го пронајдете во сите продажни места со  знакот на детелинка низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top