
Џулија Пирсон, шефица на обезбедувањето на претседателот на САД, Барак Обама, синоќа поднела оставка по скандалот што го предизвика вооружено лице кое упадна во Белата куќа на 19 септември.
Министерот за внатрешна безбедност, Џех Џонсон, изјавил дека Пирсон поднела оставка и дека нејзиното место го зазел Џозеф Кленси, долгогодишен работник во таа служба. Портпаролот на Белата куќа, Џос Ирнест, рекол дека Обама неодамна оценил дека е потребна нова личност на чело на таа служба по неколкуте безбедносни инциденти, меѓу кои и најсериозниот, кога упадна поранешен војник на американската армија во резиденцијата на претседателот.
Омар Гонзалес, кој пати од посттрауматски синдром, во средата бил сослушан во судот, каде што се изјаснил дека не е крив за илегално влегување во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа


