| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно девојче доби шака како на Ајрон Мен

193183795542c08c13683b251203241_300x100x0026155

Петгодишната Хејли Фрејзер е родена без прсти на левата рака. На нејзините родители им е кажаноо дека единствена опција е комплицирана операција. Очајни да најдат алтернатива, тие побарале помош и ја нашле фондациијата која за Хејли направила тродимензионална шака.

2044202271542c08c4007a3859589499_v4 big

Фондацијата „И-Нејбл“ им помогнала на 40 деца во САД, а сега помага и во Велика Британија.

Кога Хејли почнала да оди на училиште, ја криела левата рака. Но, сега нејзиниот срам се претворил во гордост, бидејќи таа станала прво дете во В. Британија кое добило таква евтина протеза.

– Ова е остварување на сонот. Суштината е во малите работи, а таа сега може да си игра со своето мече, да лупи банана, дури и да ги лакира ноктите на другата рака – изјави нејзниот татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top