| четврток, 6 декември 2018 |

Тетрис станува научно-фантастичен филм

tetris

Популарната советска видео игра Тетрис наскоро ќе биде адаптирана на филмското платно како научно-фантастичен филм.

Цел на играта, што се појави во 1984 година, е блокови во различна форма да се подредат во линија, при што со секое наредно ниво блоковите паѓаа се побрзо и побрзо. Оваа “заразна” игра, е проследена со инструментална верзија на руската народна песна “Коробеиники”.Популарна е ширум светот.

Но, сега компанијата “Тетрис” се здружи со “Дрешолд Ентертејмент” со цел заедно да снимаат филм, кој, според најавите, ќе понуди “многу повеќе од геометрија, но и ќе ја канализира тензичноста и драматиката на играта”.

Претседателот на “Дрешолд”, Лери Касанов вели дека иако сите знаат оти Тетрис е една од најпопуларните игри, сепак никој не знае каква епска научно-фантастична приказна ќе раскаже таа.

“Дрешолд” досега на големиот екран ја пренесе видео играта “Mortal Kombat” и тоа во две продолженија.

Од друга страна, Тетрис досега е “симнат” над 425 милиони пати како платена апликација за мобилни телефони и секоја година оваа игра онлајн била играна повеќе од милијарда пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top