
Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставници од Универзитетот Лувен од Белгија, професорите Дени Питерс и Филип Диваленс.
Универзитетот Лувен е еден од најдобрите и најреномирани универзитети во Белгија и во првите 100 во светот. Тој меѓу другото е и научен центар специјализиран во повеќе сфери и области.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се раговарало за соработка во повеќе посебни области при што бил потенциран потенцијалот за реализација на конкретна размена на искуства и соработка во полето на здравството, образованието и сферата на социјалната политика.
– Професорите од Универзитетот Лувен истакнаа дека соработката која може да се оствари во здравството би се состоела во размена на медицински персонал меѓу двете страни и пренесување на искуствата од научните методологии во медицината кои може да бидат корисни и применливи. Ваквата соработка би била корисна и е во рамките на заложбите кои ги има Владата за остварување на соработка со повеќе врвни медицински центри и размена на медицински персонал со цел унапредување на знаењата и зголемување на искуството, се вели во соопштението.
На средбата, во делот на соработката во образованието станало збор и за можноста за пренесување на дел од студиските програми и нивна имплементација на одделни факултети во Македонија со цел примена на најдобрите практики од реномираните универзитети и унапредување на образовниот процес.
Соговорниците размениле мислења на повеќе теми од сферата на образовниот процес и социјалните политики, при што искажале подготвеност за искористување на потенцијалите, продлабочена соработка и надградување на истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


