Деновове очигледно никој не е посреќен од рускиот претседател Владимир Путин. Во водите на Карското Море во Арктикот, е откриен огромен басен со сирова нафта, со што овој регион би можел да стане најголем произведувач на нафта, поголем и од Мексиканскиот залив.
Соопштението го даде Игор Сечин, првиот човек на компанијата Роснефт, кој два дена пловел на рускиот истражувачки брод до местото кое пред неколку дена беше откриено на јавноста. Од овие залихи Русија може да се надева на најмалку 900 милијарди долари.
Единствениот човек кој би можел да биде среќен колку Путин е сопственикот на Ексон мобил, затоа што токму таа американска енергетска компанија ја пронашла нафтата. Од друга страна, среќата на Ексон ја искратува Барак Обама, затоа што американската компанија има рок до 10 октомври да престане со работа на Арктикот поради новововедените санкции на САД.
Тоа значи дека за нив нема да има приход од собирањето и производството на сировата нафта, односно американската компанија ќе загуби милијарди барели нафта (околу 120 миларди литри) што е можеби повеќе отколку во Мексиканскиот залив.
За да се добие претстава од колкави размери е ова откритие, Блумберг вели дека „Геолошката структура што се копа е голема колку градот Москва и доволно голема да содржи барем 9 милијарди барели нафта, односно богатство кое вреди 900 милијарди долари пресметано со денешните цени на сировата нафта.“
Единствен начин да се дојде до копот е четвродневно патување од Мурманск, најголемиот град северно од Арктичкиот круг. Се ќе мора да се испорачува за неколку месеци – работници, залихи, опрема,а потоа ќе треба да се евакуираат пред зимата да го замрзне морето. Дури и за време на краткото арктичко лето,ќе биде потребно мразот да се задржи подалеку од платформата.
За жал, Ексон не го дели воодушевавањето затоа што Обама нагласи дека сите западни компании мораат да ги сопрат операциите во Русија, инаку ќе го почувствуваат бесот на министерството за правда. Тие сега имаат две опции: да ги игнорираат наредбите на Обама (нешто што во последно време го прават многу компании), или да се откажат од нешто што веројатно е најголемо нафтено откритие во последната деценија.
Како и да е, една држава сигурно ќе се радува: Кина, затоа што денешното откритие значи дека Русија ќе мора некому да му го продава својот производ, а тој некој најверојатно ќе биде токму Кина.
Веднаш по откривањето на богатството, рускиот претседател дал наредба во најкус можен рок да се разместат трупи со сите расположливи средства за да се заштитат од напад и воена интервенција од други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



