| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладите мајки во светот на филмот и музиката

Арета Френклин

Таа првото дете го родила на 12 години, а само 2 години подоцна и по втор пат станала мајка. Имињата на татковците на своите деца никогаш не ги откри, а грижата за нив ги презеле нејзината баба и сестра, за да може младата Арета да се посвети на музичката кариера. Денес таа важи за соул дива, но многу млади мајки од шоу бизнисот ја немаа таа среќа.

Џејми Лин

Прва на списокот е помалата сестра на Бритни Спирс, Џејми Лин. Во еден момент со нејзината популарност ја засени Бритни , но тогаш Џејми Лин, на само 16 години ја објави веста дека е трудна  и од тогаш нејзината кариера стои во место. Минатата години направи обид да се врати во шоу бизнисот издавајќи кантри албум.

Соланж

Слична  била состојбата и со Бијонсе и нејзината помлада сестра Соланж која го роди синот на 18 години. Само таа имала малку повеќе среќа.

Ана Никол Смит

Уште една ѕвезда која на млади години стана мајка е Ана Никол Смит. Таа се омажила на 17 години со Бил Смит кој тогаш имал само 16 години. Првото дете го роди на 19 години, а веќе на 20 стана мајка. Ана и нејзиниот син Данијел трагично го изгубија животот.

Розен Бар

Пред да стане славна комичарка, Розен Бар ја роди својата ќерка на 17 години. Бидејќи не можела да се грижи за своето дете, актерката го даде своето дете на посвојување, а денеска е во контакт со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top