| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул подготвува нов договор за капитенот

Начинот на кој фудбалскиот клуб Ливерпул се однесува кон својот капитен Стивен Џерард е за секоја пофалба.
Менаџерот на „црвените“ од Ливерпул Брендон Роџерс и понатаму верува во својот капитен за кого смета дека и тоа како е важна алка во неговиот тим со голот што го постигна Жерард во градското дерби против Евертон.
Роџерс призна дека преговорите за продолжување на договорот со „вечниот“ се започнати и течат во добра насока.

– Тоа е нешто за што размислуваме со управата и конкретно со Џерард. Тој и понатаму е во одлична физичка кондиција. Иако има 34 години тој секојдневно тренира со полн интензитет и не му е потребен ден одмор. Што е уште поважно тој самиот тоа го бара – изјави Брендон Роџерс.

Иако неговата форма е во пад секако заслужува уште долго да игра за својот тим. Целата кариера Стивен Џерард ја помина во Ливерпул и е вистинска икона на тимот. По завршувањето на светското првенство тој се откажа од репрезентативните настапи за Англија како би можел целосно да се посвети на клубот и екипата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top